„Секогаш е убаво да се подигне трофејот“, изјави Лионел Меси по освојувањето на Купот на кралот на Шпанија синоќа. Во финалето одиграно на стадионот „Ла Картуха“ во Севилја, Барселона го совлада Атлетик Билбао со 4-0.
„Штета што не можеме да го прославиме овој трофеј со навивачите, но тоа е цената на времето во кое живееме“, додаде аргентинската sвезда, потенцирајќи дека е задоволен од натпреварот.
„Знаевме дека Атлетик ќе биде густо поставен во формација 4-4-2, и тие тоа го сторија. Бевме добри во двете полувремиња“.
Фудбалерите на Барселона стигнаа до рекордна, 31-ва титула во Копа дел Реј, а Роналд Куман го освои својот прв трофеј како тренер на каталонскиот гигант.

