Фудбалерот на Ливерпул, Џини Вајналдум, сепак сака да и се приклучи на Барселона на лето, бидејќи сака да заигра со Лионел Меси и неговиот соиграч во холандската репрезентација Мемфис Депај.
Во последните денови се појавија информации дека 30-годишниот играч за врска е подготвен да потпише нов договор со Ливерпул, но се чини дека од тоа нема да има ништо. Тој на пријателите во Холандија им рекол дека својата иднина ја гледа на „Камп Ноу“.
Весникот „Мирор“ пишува дека Вајналдум има голема желба да игра во тим со Меси, за кого сè повеќе се тврди дека останува во дресот на Барса и следната сезона.

