Дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињар е близу до трансфер во Тотенхем. Клубовите наводно се близу до зделка што би можела да се заврши во текот на летниот преоден рок. Тотенхем сакаше да го ангажира Шкрињар и оваа зима, но Интер не беше подготвен да го продаде. Да потсетиме, претходно Интер одби да ги пушти напаѓачите Лаутаро Мартинез, Ромелу Лукаку и играчот од средниот ред Николо Барела да заминат во Барселона.
Author: saso
Шпанските медиуми денеска пишуваат дека во многу скоро време, новиот претседател на Барселона, Лапорта и најголемата ѕвезда на тимот, Лео Меси ќе одржат состанок на кој ќе разговараат за новиот договор, а наводно Аргентинецот веќе му дал три услови кои мора да бидат исполнети за тој да остане во клубот. Првиот услов е клубот да донесе звучно засилување во нападот за да може да игра малку порелаксирано. Во игра се имињата на Серхио Агуеро и Ерлинг Халанд. Второто барање на Меси е играта на Барселона повторно да се базира на млади играчи од Ла Масија, а оваа сезона се покажа…
Очајна партија и вистински дебакл. Вака може да се опише настапот на ракометарите на Вардар на денешниот прв осминафинален меч од Лигата на шампионите против Веспрем во Скопје. Унгарците го торпедираа тимот на Алушовски и во меч во кој Вардар во двете полувремиња прими по 20 гола, беше јасно дека за успех нема збор. Веспрем заминува од Скопје со историски висока победа од 41-27, а Вардар уште во првото полувреме го положи оружјето на пат кон четврфиналето (11-21). Меч во кој кај „црвено-црните“ не може да се издвои ништо позитивно, а Веспрем може мирно да се подготвува за четвртфиналето, затоа…
Италијанскиот фудбалски гигант Интер денеска ќе го презентира новото лого кое ќе стапи во сила од сезоната 2021/22. Промените во дизајнот на логото на италијанскиот гигант треба да го засилат како глобален бренд, велат сопствениците од компанијата Сунинг. Промоцијата на новото лого ќе се случи во Viale della Liberazione и веднаш ќе биде прикачено на некои од официјалните производи, објави „Газета дело Спорт“. Сепак, првиот натпревар со новиот грб ќе биде следата сезона.
Германски Магдебург попладнево ќе биде домаќин на Еурофарм Пелистер во реваншот од осминафиналето во Европската лига. Битолчани по поразот на првиот меч на домашен терен, останаа практично без многу шанси за изненадување, но желбата кај нив останува да се поправи впечатокот од првиот меч. Еурофарм Пелистер на овој меч ќе биде без првиот тренер Жељко Бабиќ поради коронавирус, а како проблем плус ќе ја имаат и извонредната серија од 22 меча без пораз за Магдебург. Реваншот во Германија вечерва тргнува од 18:45 часот.
Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Бакајоко, кој во моментов е на позајмица во Наполи, ќе го напушти италијанскиот клуб на крајот од сезоната. Обновување на позајмицата или откуп на играчот не е дел од идните планови на Наполи. Претходно, агентот на Бакајоко изјави дека фудбалерот е подготвен да го продолжи договорот за закуп со италијанскиот клуб. Францускиот играч за врска се пресели во Челзи од Монако во 2017 година, беше на позајмица во Милан и Монако во последните две сезони, а сега е позајмен во Наполи. Во тековната сезона во италијанската Серија А, Бакајоко одигра 23 натпревари и постигна…
Манчестер Сити планира да купи нов напаѓач за време на летниот преоден рок, откако вчера и официјално стана јасно дека Серхио Агуеро ко напушта тимот ова лето. Клубот има тројца главни кандидати за оваа позиција, Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, Хари Кејн од Тотенхем и Ромелу Лукаку од Интер. Наводно, нема шанси ова лето напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, да се пресели во Ман Сити, па затоа ова се трите нови опции на менаџментот на „граѓаните“.
Рускиот судија Сергеј Карашев е делегиран за главен судија на натпреварот меѓу Германија и Македонија утре во Дуизбург. Ова е меч од 3. коло во Ј групата за пласман на СП во Катар 2022 година , а ќе го води еден од најпознатите руски судии, кој е дел од најелитните европски клупски натпревари. Карашев на Македонија и судел во 2012 година на гостувањето во Глазгов, каде против Шкотска одигравме 1:1.
Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро потврди дека ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона. Тој даде специјална изјава во која рече дека неговиот договор со „граѓаните“ нема да биде продолжен. Манчестер Сити синоќа ја потврди оваа информација. „Имам чувство на задоволство и гордост по цели 10 сезони во Манчестер Сити. Во наше време, таквиот период во еден клуб за професионален фудбалер е невообичаен. 10 сезони на големо достигнување. За тоа време, можев да станам најдобар стрелец во клубот во историјата и да почувствувам нераскинлива врска со сите што го сакаат Ман Сити. Овие луѓе се засекогаш во…
Македонската фудбалска репрезентација денеска (20.45 ч.) на Националната арена во Скопје ќе го одигра и вториот меч од квалификациите за СП 2022. По поразот на гости од Романија со 3:2, избраниците на Игор Ангеловски како големи фаворити го дочекуваат тимот на Лихтенштајн. Дарко Велковски нема да игра ниту на овој меч, откако го пропушти и стартниот квалификациски меч против Романцит. Ангеловски најверојатно ќе му даде мала минутажа и на рековалесцентот Адеми, а можно е да добијат поштеда и Пандев и уште неколкумина од првиот тим. Лихтенштајн во Скопје исто така допатува со проблеми. Гостите се без повредениот напаѓач Денис Салановиќ,…
