Манчестер Сити планира да купи нов напаѓач за време на летниот преоден рок, откако вчера и официјално стана јасно дека Серхио Агуеро ко напушта тимот ова лето.
Клубот има тројца главни кандидати за оваа позиција, Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, Хари Кејн од Тотенхем и Ромелу Лукаку од Интер.
Наводно, нема шанси ова лето напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, да се пресели во Ман Сити, па затоа ова се трите нови опции на менаџментот на „граѓаните“.