Италијанскиот фудбалски гигант Интер денеска ќе го презентира новото лого кое ќе стапи во сила од сезоната 2021/22. Промените во дизајнот на логото на италијанскиот гигант треба да го засилат како глобален бренд, велат сопствениците од компанијата Сунинг.
Промоцијата на новото лого ќе се случи во Viale della Liberazione и веднаш ќе биде прикачено на некои од официјалните производи, објави „Газета дело Спорт“. Сепак, првиот натпревар со новиот грб ќе биде следата сезона.

