Играчот за врска на италијански Јувентус, Арон Ремзи, може да го напуштиторинскиот клуб за време на летниот преоден рок. Ливерпул и Вест Хем се споменуваат како најзаинтересирани за фудбалерот, чиј договор истекува во 2023 година, но Јуве ќе сака да ја прекине соработката со него предвреме. Велшанецот веќе играше во англиската Премиер лига, носејќи го дресот на Арсенал од 2008 до 2019 година. Јувентус, пак, сака да го вклучи Ремзи во зделка за евентуално доведување на Моис Кин од Евертон. Оваа сезона, 30-годишниот играч за врска одигра 18 натпревари во Серија А, постигна 2 гола и направи 4 асистенции.
Author: saso
Португалскиот судија Фабио Верисимо ќе ја дели правдата на мечот меѓу Романија и Македонија во четврток во Букурешт во рамките на 1. коло од квалификациите за СП 2022. Верисимо има 38 години, а на најдобрата селекција на Македонија ќе и суди прв пат. Овој судија досега има судено на помладите возрасни категории на нашата фудбалска селекција. Имено, Португалецот и судеше на У17 селекцијата на Македонија во 2016 година против Италија , која одигравме нерешено 0:0.
Шесткратниот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез, ќе мора да го пропушти почетокот на новата сезона. Според последните информации, Шпанецот нема да се појави на стартот на сеозната во катер, каде се планирани две трки. Во тимското соопштение од Хонда, Маркез вели дека лекарите му препорачале се уште да се опоравува од двете операции на рамото. „По уште еден преглед на лекарите, тие ми препорачаа да продолжам со закрепнувањето и да не настапувам во Катар. Сакав да тргнам со првата трка од сезоната, но ќе треба да продолжам да работам на закрепнување за брзо да се најдам во оптимална…
Јапонскиот премиер Јошихиде Суга потврдил дека нема да присуствува на церемонијата на тргнувањето на штафетата со олимпискиот пламен за Игрите во Токио, која е закажана за 25 март во префектурата Фукушима. „Со оглед на распоредот и моето задолжително присуство во парламентот, решив да одбијам да присуствувам на церемонијата“, рече Суга. Наместо Суга, на церемонијата ќе присуствуваат Сеико Хашимото, шеф на Олимпискиот организациски комитет и министерот Тамаг Марукава, кој е одговорен за Олимписките и параолимписките игри.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре го пречекуваат Магдебург во првото осминафинале од ЕХФ Европската лига. Во пресрет на мечот, голманот на битолскиот тим, Градимир Чаневски, ги истакна своите очекувања од мечот. “Магдебург е одлична екипа и игра во одлична форма. Наша цел е барем да извадиме нерешен резултат на првиот натпревар во Битола. Ќе биде добро да заминеме во Германија со позитива. Добро играме и ние, и ние сме во добра форма како и тие. Детали ќе одлучуваат, па ако бидеме на ниво, мислам дека ќе патуваме за Магдебург со позитива. Мислам дека поголем предизвик е за нив да ја…
Иднината на Килијан Мбапе во ПСЖ се уште не е сигурна. Фудбалерот има договор со ПСЖ кој истекува на крајот на следната сезона, а спортскиот директор Леонардо вели дека не е сигурен кога ќе постигнат договор за нова соработка. „Настапите на Килијан во последно време се исклучителни. Денес не е време да разговараме за договорот, но ќе дојде време кога ќе биде се појасно во однос на ова прашање. Генерално, играчите на ПСЖ сакаат да останат тука“, изјави спортскиот директор Леонардо. Засега младата ѕвезда на францускиот фудбал молчи, што ја зголемува напнатоста и кај управата и кај навивачите на клубот.…
По трите победи над Исланд, Литванија и Грција, женската репрезентација на Македонија денеска го чека противникот за бараж мечот од кој ќе може да се обезбеди место на Светското првенство во Шпанија. Во првиот шешир се селекциите кои се можни противници на Македонија, како: Русија, Шведска, Унгарија, Србија, Црна Гора, Германија, Романија, Полска, Чешка, Словенија Ждрепката е закажана со почеток од 15 часот.
Младата ѕвезда на Шарлот Хорнетс, Ламело Бол, најверојатно, ќе мора да ја заврши сезоната во НБА лигата предвреме, откако заработи потешка повреда на десниот зглоб. На Бол му била направена магнетна резонанца која открила скршеница на коска на десниот зглоб. Ламело побарал и мислење од независен лекар за неговата дијагноза, но сите претпоставки се дека дебитантот се очекува да го прескокне остатокот од сезоната. Бол падна на подот во првата половина од натпреварот во саботата против Лос Анџелес Клиперс и поголемиот дел од натпреварот го помина со завој на неговиот зглоб.
Скопје ќе биде домаќин на нашата машка ракометна репрезентација и за последниот меч во квалификациите за ЕП 2022 година. Ракометната федерација на Македонија нема да менува во организацијата на квалификациите, пред се поради Ковид-19 ситуацијата, а и поради доброто искуство кое селекцијата го имаше и во досегашните квалификациски дуели одиграни во СЦ “Борис Трајковски“. Финците кои ќе не пречекаат како домаќините во меч од 5. квалификациско коло објавија дека мечот ќе се одигра во градот Рихимаки на 28 април од 18 часот.
23-кратната освојувачка на Грен слем трофеи, Американката Серена Вилијамс се повлече од настап на Мастерсот во Мајами кој почнува оваа недела. Причината за откажувањтео е неодамнешна стоматолошка операција. „Мајами е многу посебен турнир за мене, бидејќи тој е мојот дом. Жалосно е што годинава нема да можам да ги видам неверојатните фанови, но со нетрпение очекувам да се вратам наскоро“, рече Серена.
