Иднината на Килијан Мбапе во ПСЖ се уште не е сигурна. Фудбалерот има договор со ПСЖ кој истекува на крајот на следната сезона, а спортскиот директор Леонардо вели дека не е сигурен кога ќе постигнат договор за нова соработка.
„Настапите на Килијан во последно време се исклучителни. Денес не е време да разговараме за договорот, но ќе дојде време кога ќе биде се појасно во однос на ова прашање. Генерално, играчите на ПСЖ сакаат да останат тука“, изјави спортскиот директор Леонардо.
Засега младата ѕвезда на францускиот фудбал молчи, што ја зголемува напнатоста и кај управата и кај навивачите на клубот.