Шесткратниот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез, ќе мора да го пропушти почетокот на новата сезона. Според последните информации, Шпанецот нема да се појави на стартот на сеозната во катер, каде се планирани две трки.
Во тимското соопштение од Хонда, Маркез вели дека лекарите му препорачале се уште да се опоравува од двете операции на рамото.
„По уште еден преглед на лекарите, тие ми препорачаа да продолжам со закрепнувањето и да не настапувам во Катар. Сакав да тргнам со првата трка од сезоната, но ќе треба да продолжам да работам на закрепнување за брзо да се најдам во оптимална состојба“, изјавил Маркез.

