Португалскиот судија Фабио Верисимо ќе ја дели правдата на мечот меѓу Романија и Македонија во четврток во Букурешт во рамките на 1. коло од квалификациите за СП 2022.
Верисимо има 38 години, а на најдобрата селекција на Македонија ќе и суди прв пат. Овој судија досега има судено на помладите возрасни категории на нашата фудбалска селекција. Имено, Португалецот и судеше на У17 селекцијата на Македонија во 2016 година против Италија , која одигравме нерешено 0:0.

