Дефанзивецот и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос пред медиумите зборуваше за евентуалното заминување во пензија.
„Размислувам за мојата петта титула во Лигата на шампионите, Светското првенство, Олимписките игри … Ќе завршам кога ќе дојде време. Планот е да станам дел од историјата на најдобриот клуб во светот, Реал Мадрид. Денес ми се чини дека нема да ја завршам кариерата наскоро. Ова е толку лична одлука што мислам дека моето тело ќе почувствува кога ќе дојде моментот. Додека тоа не се случи, јас сум тука“, вели Рамос.