Тотенхем иако водеше со 2-1 на гостувањето кај Њукасл, на крајот се задоволуваше само со бод. Ова е уште еден меч во низа на кој Тотенхем губи бодови во завршницата на натпреварите.
„Премиер лигата е многу тежок шампионат. Се игра нон стоп со голема брзина и не секој може да се справи со предизвикот. На мечот со Њукасл направивме грешки во одбраната, што не дестабилизираа. Во првото полувреме ја контролиравме играта, но дури и кога ја загубивме иницијативата во второто, сепак немавме проблеми. Можевме да постигнеме уште два гола. На крајот, сепак, се дестабилизиравме во одбраната и тоа го направи нашиот противник амбициозен. Тие не се предадоа и ја искористија ситуацијата“, вели „Специјалниот“.

