Тренерот на Атлетико (М), Диего Симеоне на прес-конференцијата по мечот со Севилја, кој неговиот тим го загуби со 1:0, рече дека ЛА Лига е едно исклучително тешко првенство.
„Тешко е да се натпреварувате во шпанскиот шампионат, но ќе се бориме до крај. Треба да продолжимте да работиме и да го зголемуваме интензитетот. Секако, вознемирен сум, но го знам начинот и не се плашам од ништо. Не мислам дека овој пораз е резултат на притисок. Не може да се негира дека тимот не е во најдобра форма во моментов. Мора да најдеме начин да ги вратиме играчите во оние услови што ги имаа во првата половина од сезоната“, вели Аргентинецот.
Атлетико со 66 бода се уште е на првото место во шпанскиот шампионат., пред Реал (М) кој има три бода помалку.

