Author: saso

Јувентус е заинтересиран за крилото на Барселона, Антоан Гризман. Италијанскиот шампион подготвува сериозна промена во тимот на лето по неубедливата сезона, а Французинот е едно од имињата на списокот веќе подолго време. Шефовите на Јувентус сè уште не можат да се договорат со напаѓачот Пауло Дибала за неговиот нов договор. Одолговлекувањето не им се допаѓа на газдите, кои размислуваат да го понудат Аргентинецот како дел од ангажманот на Гризман. Барса и Јувентус имаат добри односи, а веќе склучија сличен договор минатото лето, разменувајќи го Миралем Пјаниќ за Артур Мело.

Read More

Дефанзивецот на Саутемптон, Јаник Вестергард е фудбалерит за кого сериозен интерес има кај менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо. 28-годишниот Данец има многу добра сезона со „светците“ и тоа не помина незабележано од „Специјалниот“, кој е подготвен да го донесе во Тотенхем ова лето. Лондончани имаат проблем во центарот на одбраната и ангажманот на нов играч во оваа област е врвен приоритет за клубот. Договорот на Данецот истекува во 2022 година, што значи дека може да биде доведен и за помала сума.

Read More

Ливерпул ќе го стави напаѓачот Дивок Ориги на трансфер листа ова лето. Белгиецот никогаш не успеа да се етаблира во тимот на Клоп, иако е втор играч со најдолг престој на „Енфилд“ по Џордан Хендерсон. 25-годишникот Ориги беше купен од Лил во 2014 година, но тој не е успеа да с енајде во првиот избор на менаџерот Јирген Клоп и затоа ќе биде продаден за да може клубот да собере пари за нови засилувања. Последен пат Ориги беше стартер на 31 јануари на дербито со Евертон, а скоро неколку сезони главно е на клупата за резерви. Според англиските весници, интерес…

Read More

Раководството на Реал Мадрид интензивно бара замена за 35-годишниот хрватски играч за врска, Лука Модриќ и верува дека играчот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, е токму фудбалерот кој им е потребен. , „Кралскиот клуб“ е подготвен да плати 70 милиони евра за 26-годишниот Србин, што, според Флорентино Перез, одговара на пазарната вредност на играчот во моментот. Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан веќе даде зелено светло за операцијата, бидејќи Милинковиќ-Савиќ одговара на техничките, тактичките и физичките карактеристики на тимот, што е важен фактор.

Read More

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли беше разочаран од синоќешниот пораз од Наполи на домашен терен со 1:0. Овој пораз дополнително ги оддалечи „росонерите“ од лидерот Интер. Пиоли вели дека причината за овој пораз се премногу направени грешки од неговите играчи. „Бевме рамноправни. Се соочивме со голем противник. Првото полувреме беше прилично комплицирано. Направивме премногу грешки, дури и кога не бевме под притисок. Очигледно тоа беше нашата граница вечерва. На почетокот на второто полувреме бевме подобри од Наполи, но премногу лесно ја губевме топката. Требаше да се движиме побрзо пред голот. Пропуштивме добра можност да имаме одлична недела. Понекогаш играњето добро…

Read More

РФМ на својата официјална страница ја потврди премија за ракометарите по триумфот над Данска во квалификациите за пласман на ЕП 2022 во износ на 20.000 евра. На итна седница беше реизгласан Филип Милошевски за генерален секретар на РФМ. “Ве информираме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 12.03.2021 год. донесе Одлука за доделување парична награда во износ од 20.000 ЕУР нето (во денарска…

Read More

Мерцедес се соочи со неочекувани технички потешкотии за време на првиот ден од претсезонските тестови на Формула 1 во Бахреин. Пилотот на тимот Валтери Ботас возеше само еден круг со новиот болид. „Ќе почекаме уште малку за подобро да го разгледаме болидот W12. Имавме проблеми со менувачот. Ќе мора да го замениме и да го вратиме болидот на  вистинскиот пат за неговиот прв вистински тест“, објавија од Мерцедес.

Read More

Интер потврди дека Артуро Видал вчера бил опериран успешно по повредата на коленото и денес ќе биде отпуштен од болницата. „Артуро Видал беше подложен на операција на артроскопија на левото колено во Институтот Хуманитас во Рожано. Операцијата беше совршено успешна. Играчот ќе биде отпуштен од болницата во попладневните часови и ќе започне со фазата на рехабилитација во следните неколку дена“, се вели во официјалното соопштение на Интер. Според извештаите, поранешниот играч за врска на Барселона ќе остане надвор од терените скоро еден месец.

Read More

Кире Лазаров дебитираше со сензационална победа над Данска во Скопје како нов селетор на Македонија. По дуелот со Данците, нашиот капитен со свој коментар: „Сакам да им се заблагодарам на моите играчи и на моите соиграчи, испочитуваа се што се договоривме, благодарност и до мојот стручен тим кој многу ме испочитува и ми помогна да го спремиме овој натпревар. Последните три -четири денови чувствував позитивна енергија, воопшто не бев загрижен што ќе се случи на мечот со Данска, најважно од се ми беше она што се договоривме да го испочитуваме. Момците ги исполнија задачите, одигравме храбро. Имав(ме) храброст да почнеме…

Read More

Македонија синоќа одигра фантастичен меч и со Кире Лазаров на неговото деби на селекторското место, успеа да го совлада светскиот шампион Данска во Скопје. По поразот, Данците веднаш си заминаа дома, а селекторот Николај Јакобсен го прокоментира поразот во Скопје. „Правевме премногу грешки во нападот. Не реализиравме многу зицери, а со тоа не можевме да победиме. Ова патување беше лошо искуство за нас. Се спуштивме на земја по освојувањето на Светскиот куп. Ниту одбраната, ниту нападот не функционираа. Македонија, за жал, се чинеше многу порасположена за игра од нас. Дури и да не беше така. Тие добија нов тренерски тим,…

Read More