Македонија синоќа одигра фантастичен меч и со Кире Лазаров на неговото деби на селекторското место, успеа да го совлада светскиот шампион Данска во Скопје.
По поразот, Данците веднаш си заминаа дома, а селекторот Николај Јакобсен го прокоментира поразот во Скопје.
„Правевме премногу грешки во нападот. Не реализиравме многу зицери, а со тоа не можевме да победиме. Ова патување беше лошо искуство за нас. Се спуштивме на земја по освојувањето на Светскиот куп. Ниту одбраната, ниту нападот не функционираа. Македонија, за жал, се чинеше многу порасположена за игра од нас. Дури и да не беше така. Тие добија нов тренерски тим, и тоа им даде нова верба во работите, и ние настрадавме од тоа денеска“, вели Јакобсен.

