Јувентус е заинтересиран за крилото на Барселона, Антоан Гризман. Италијанскиот шампион подготвува сериозна промена во тимот на лето по неубедливата сезона, а Французинот е едно од имињата на списокот веќе подолго време.
Шефовите на Јувентус сè уште не можат да се договорат со напаѓачот Пауло Дибала за неговиот нов договор. Одолговлекувањето не им се допаѓа на газдите, кои размислуваат да го понудат Аргентинецот како дел од ангажманот на Гризман.
Барса и Јувентус имаат добри односи, а веќе склучија сличен договор минатото лето, разменувајќи го Миралем Пјаниќ за Артур Мело.

