РФМ на својата официјална страница ја потврди премија за ракометарите по триумфот над Данска во квалификациите за пласман на ЕП 2022 во износ на 20.000 евра.
На итна седница беше реизгласан Филип Милошевски за генерален секретар на РФМ.
“Ве информираме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 12.03.2021 год. донесе Одлука за доделување парична награда во износ од 20.000 ЕУР нето (во денарска противредност) на сениорската машка ракометна репрезентација за извојуваната победа против актуелниот Светски и Олимписки Шампион, селекцијата на Данска, натпревар одигран на ден 11.03.2021 год. во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2022, дополнително по објавениот конкурс за избор на Генерален Секретар, Управниот Одбор на РФМ го усвои предлогот на комисијата и на функцијата Генерален Секретар го назначи г-дин Филип Милошевски”.