Тренерот на Милан, Стефано Пиоли беше разочаран од синоќешниот пораз од Наполи на домашен терен со 1:0. Овој пораз дополнително ги оддалечи „росонерите“ од лидерот Интер. Пиоли вели дека причината за овој пораз се премногу направени грешки од неговите играчи.
„Бевме рамноправни. Се соочивме со голем противник. Првото полувреме беше прилично комплицирано. Направивме премногу грешки, дури и кога не бевме под притисок. Очигледно тоа беше нашата граница вечерва. На почетокот на второто полувреме бевме подобри од Наполи, но премногу лесно ја губевме топката. Требаше да се движиме побрзо пред голот. Пропуштивме добра можност да имаме одлична недела. Понекогаш играњето добро не е доволно за да го победиме Наполи. Сега треба добро да се подготвиме за следниот натпревар во Лигата на Европа, а потоа следува уште еден тежок дуел со Фиорентина“, изјави Пиоли.

