Мерцедес се соочи со неочекувани технички потешкотии за време на првиот ден од претсезонските тестови на Формула 1 во Бахреин. Пилотот на тимот Валтери Ботас возеше само еден круг со новиот болид.
„Ќе почекаме уште малку за подобро да го разгледаме болидот W12. Имавме проблеми со менувачот. Ќе мора да го замениме и да го вратиме болидот на вистинскиот пат за неговиот прв вистински тест“, објавија од Мерцедес.