Кире Лазаров дебитираше со сензационална победа над Данска во Скопје како нов селетор на Македонија. По дуелот со Данците, нашиот капитен со свој коментар:
„Сакам да им се заблагодарам на моите играчи и на моите соиграчи, испочитуваа се што се договоривме, благодарност и до мојот стручен тим кој многу ме испочитува и ми помогна да го спремиме овој натпревар. Последните три -четири денови чувствував позитивна енергија, воопшто не бев загрижен што ќе се случи на мечот со Данска, најважно од се ми беше она што се договоривме да го испочитуваме. Момците ги исполнија задачите, одигравме храбро. Имав(ме) храброст да почнеме со генерација 96/97 затоа што верувам во нив, така ќе биде и понатаму затоа што тие се и оспорувани играчи, им треба малку да ја кренат самодовербата. Ако ги насочиш и им дадеш задачи тие добро знаат да одиграат“, изјави Лазаров.

