Дефанзивецот на Саутемптон, Јаник Вестергард е фудбалерит за кого сериозен интерес има кај менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо. 28-годишниот Данец има многу добра сезона со „светците“ и тоа не помина незабележано од „Специјалниот“, кој е подготвен да го донесе во Тотенхем ова лето.
Лондончани имаат проблем во центарот на одбраната и ангажманот на нов играч во оваа област е врвен приоритет за клубот. Договорот на Данецот истекува во 2022 година, што значи дека може да биде доведен и за помала сума.