Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги, најверојатно следната сезона се враќа во Бундеслигата. Според информација на „Фудбал Инсајдер“, 25-годишниот Белгиец има понуда за трансфер во Борусија Дортмунд.
Германскиот клуб може да го купи играчот за 14 милиони евра, а во меѓувреме се прават контакти за да се договорат личните услови со Ориги. Оваа сезона Ориги одигра 17 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи гол и асистирајќи.
Инаку претходно тој веќе има настапи во Бундеслигата, каде беше на позајмица во Волфсбург.