Ракометарите на Вардар го претрпеа и вториот пораз во тековната сезона од СЕХА Лигата, откако денеска загубија на гостувањето во Хрватска против Нексе со 36:32.
По поразот кај Мотор Запорожје, „вардарци“ се поразени и на второто гостување, овој пат во Нашице. Овој пораз ги спушти на третата позиција на табелата која носи осминафинале, наместо четвртфинале.
Кевиќ и Јагањац постигнаа по осум гола за победникот, додека кај „црвено-црните“ со 9 гола најефикасен беше Дибиров.