Еден од легендарните австриски скијачи, Ханес Рајхелт (40), поранешен светски шампион во супервелеслалом, денеска објави крај на кариерата.
Австриецот ја објави својата одлука на финалето на Светското првенство во Ленцерхајд, Швајцарија.
Тој се појави на вкупно 305 трки од Светскиот куп, забележа 13 победи, се искачи на подиумите вкупно 44 пати, и го освои Малиот кристален глобус во супервелеслалом пред 13 години. Својот прв медал на големите натпреварувања, Австриецот го освои на Светското првенство во Гармиш Партенкирхен во 2011 година, каде беше сребрен во супервелеслалом, а четири години подоцна освои златен медал во истата дисциплина на Светското првенство во Бивер Крик.