Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо го пофали Хари Кејн, кој ги постигна двата гола за победа од 2:0 над Динамо Загреб на првиот 1/8-финален натпревар од Лигата на Европа.
„Заслуживме да постигнеме барем уште еден гол. Тогаш резултатот би бил пореален и би биле во подобра позиција пред реваншот. Но, ако ме прашаа пред натпреварот дали би бил среќен со победа од 2:0, ќе одговорев „да“. Динамо е опасен противник, особено на домашен терен, затоа мора да бидеме претпазливи. Тие немаат што да загубат и ќе ризикуваат“, рече Мурињо.
„Хари Кејн прави што сака како врвен напаѓач. Постигнува голови, додава, ослободува простор за другите, а помага и во одбраната. Многу често Хари е лицето кое ја расчистува топката откако е центрирана од статичните позиции пред нашиот гол. Не можам да бидам позадоволен од него“, вели „Специјалниот“.

