20-годишниот шпански дефанзивец од екипата на Манчестер Сити, Ерик Гарсија, кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Тој ќе се пресели во каталонскиот клуб на лето како слободен агент, вели новинарот Фабрицио Романо.
Според информациите, неговиот договор ќе биде на пет сезони, до летото 2026 година. Оваа сезона Гарсија има девет натпревари за Манчестер Сити. Инаку, тој е младинец на Барселона, од каде се пресели во Сити во 2017 година.

