Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги, вели дека неговите играчи направиле директни грешки за да му помогнат на Баерн да забележи убедлива победа во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите од 4:1.
„Бевме премногу напнати од самиот почеток. Сами им подаривме три од четирите гола. Грешките не се простуваат на ова ниво. Разочарани сме, иако сме свесни дека е успех воопшто да се игра во осминафиналето од Лигата на шампионите“, истакна Инзаги и додаде:
„Против екипи како Баерн, мора да бидете на 100 проценти, да обезбедите добра игра во сите сегменти и да се надевате дека ривалот нема да има ден. Сега не беше така. Направивме грешки, им подаривме три гола и доживеавме ваков пораз“.

