Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер призна дека тимот одигра добро само во второто полувреме на мечот со Њукасл и затоа е среќен поради остварената победа од 3:1.
„Не можеме да влијаеме на другите тимови, мора да се фокусираме на нашата игра и да бидеме најдобрата верзија на Манчестер Јунајтед на секој натпревар. Се случуваат различни работи, има изненадувања во фудбалот. Во првиот дел не бевме на нивото, па мораше малку да го зголемиме темпото по паузата, особено во последната третина. Секогаш е тешко да се игра по настапите во европски турнири. Иако доминиравме во однос на поседот на топката, немавме многу шанси за гол. Сепак, најважна е победата“, вели Солскјер.