Ракометарите на металург синоќа беа убедливо поразени на гостувањето кај Фиверс во меч од новото коло во ЕХФ Европската лига. Австријците славеа со 45:30, а голманот Даниел Дупјачанец имаше сосема солидна партија со своите 14 одбрани.
„Фиверс одигра добар натпревар, честитки за победата. Ние не одигравме онака како што се договоривме и затоа примивне 45 голови. Немаше агресивност во нашата одбрана, затоа резултатот не е изненадување. Од друга страна треба да се каже дека секој меч во Европската лига е искуство повеќе за нашите млади ракометари. Сепак треба на секој меч да се игра максимално, пред нас е многу работа“, изјави голманот на Металург веднаш по мечот во Виена.

