Наоми Осака и Џенифер Брејди ќе играат во големото женско финале на првиот Грен Слем годинава, Австралија Опен. Осака дојде на само еден чекор до титулата откако се пласираше во финалето по убедливата победа над трикратната шампионка во Мелбурн, Серена Вилијамс со 6-3, 6-4.
Осака по вторпат ќе игра за трофејот.
Серена Вилијамс иако ја посакуваше својата 24-та Грен слем титула, сепак, одигра еден слаб меч против третиот светски рекет, кој не и остави многу шанси за победа.
Нејзина противничка во големото финале ќе биде американската тенисерка Џенифер Брејди, 22. носителка на АО која до финалето стига совладувајќи ја чешката тенисерка Каролина Мухова со 6:4, 3:6, 6:4 за близу два часа игра.
За Брејди ова ќе биде прво Грен Слем финале.