По утринскиот тренинг, селекторот на нашата кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров, ги одреди оние 12 кошаркари кои денеска ќе влезат во официјалниот записник за средбата со Италија. Нашата репрезентација од 15.30 часот го игра првиот од четирите дуели на квалификацискиот турнир во руски Перм.
Тодоров имаше неколку дилеми, но за дуелот со Италијанците се одлучи да стартва со следните кошаркари:
Дамјан Робев, Андреј Митревски, Бојан Крстевски, Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Бојан Трајковски, Теодор Симиќ, Џејкоб Вајли, Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.

