Ракометарите на Вардар претрпеа нов пораз во Лигата на шампионите, откако вечерва на домашен терен беа поразени од ПИК Сегед со 28:26. Вардар одигра одлично прво полувреме во кое имаше предност на паузата од 15:13, но во вториот дел иако имаа континуирана предност во првите 15-тина минути, на крајот дозволија Унгарците да се вратат со серија погодоци за конечна победа.
Во последните три минути ПИК Сегед успеа да дојде до предност од еден гол, а со добра одбрана успеа да ја сочува предноста. Вардар доби пенал за израмнување, но Чупиќ не погоди.
Дибиров и Јотиќ беа најдобри кај Вардар со по шест постигнати гола, додека кај ПИК Сегед, клучниот стрелец Банхиди имаше шест гола, заедно со Радивојевиќ, исто така со шест постигнати гола.