Кирил Лазаров ќе биде нов селектор на македонската ракометна репрезентација. Првиот човек на македонскиот ракомет, Живко Мукаетов денеска го потврди изборот на Лазаров на официјална прес-конференција.
Лазаров првично ќе добие една година на кормилото на националниот тим, па потоа откако ќе добие Мастер Коуч лиценца, ќе добие уште 4 годиншна соработка со РФМ.
„Без никакво размислување го прифатив овој голем предизвик за мене. Никогаш не сум ја одбил Македонија, така беше и сега. Не чека голема одговорност и една успешна работа. Што се однесува до мојот стручен тим, се уште сум во преговори со стручни лица. Заклучивме со претседателот дека јас би бил активен и како играч и следната година бидејќи таа година не чекаат големи битки на кои треба да одговориме квалитетно, направивме стратегија и заклучивме дека треба да го задржиме континуитетот на големите натпреварувања, значи учество на ЕП следната година, како и учество на СП“, изјави Лазаров.