Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Кошаркарите го одржаа првиот тренинг пред квалификациите во Перм
    Кошарка

    Кошаркарите го одржаа првиот тренинг пред квалификациите во Перм

    sasoBy saso10/02/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги стартуваше мини-подготовките за февруарскиот ФИБА „прозорец“, и натпреварите на турнирот во Перм (Русија).

    На првиот собир кој селекторот Александар Тодоров го одржа во големата сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, каде ќе се тренира се до предвиденото заминување за Русија, се појавија сите повикани кандидати.

    Поради болки во пределот на листот на десната нога, првиот тренинг превентивно, го пропушти Марко Симоновски. Од лекарскиот тим на нашата сениорска селекција веруваат дека веќе на некој од наредните тренинзи во Скопје ќе биде во строј, и подготвен за настап.

    Инаку, во Скопје ќе бидат одработени вкупно пет тренинзи. Првите четири, со почеток од 13. часот, додека оној последниот, во недела, на 14.февруари, ќе биде од 15. часот.

    На 15. февруари, во раните утрински часови, со специјален чартер-лет кој го обезбеди нашата федерација, е планирано тргнувањето за Перм.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.