26-годишната швајцарска скијачка Корин Зутер стана новиот светски шампион во спуст. Таа денеска беше најбрза на патеката во Кортина Д’Ампецо, Италија, во новата трка на светкото првенство.
Зутер стигна до својот прв златен медал на Светските првенства со време 1:34,27 минути. На второто место се пласираше 24-годишната Германка Кира Вајдл, која заостана 20 стотинки зад Корин Зутер и освои сребрен медал, што е нејзин прв медал од големите натпреварувања.
Швајцарскиот триумф го комплетираше 29-годишната Лара Гут-Бехрами, која додаде бронзен медал на титулата светски шампион во супервелеслалом.

