Мексикански Тигрес се квалификува во полуфиналето на Светското клупско првенство. Со двата гола на Пјер-Андре Жињак, Мексиканците со пресврт го совладаа Улсан Хјундаи со 2:1.
Тимот од Јужна Кореја изненадувачки поведе со голот на Ким Ки-Хи во 24-та минута од средбата. Жињак изедначи во 38. минута, а длабоко во додаденото време на првото полувреме поранешниот француски репрезентативец направи тотален пресврт со гол од пенал.
Во полуфиналето на турнирот, Тигрес ќе се соочи со бразилски Палмеирас, кој стана шампион на Јужна Америка.

