Голманот на Борусија Дортмунд, Роман Бирки ќе отсуствува од натпреварите на „милионерите“ околу две недели поради повреда на рамото, објави клубот од Бундеслигата.
30-годишниот Швајцарец се здоби со повреда на тренинг минатата недела и ја пропушти победата над Аугзбург за време на викендот. Тестовите веќе дијагностицираа дека степенот на повредата е таков што нема да му даде простор за настап меѓу 10 и 14 дена.
Бирки ќе го пропушти третото коло од германскиот куп против второлигашот Падерборн и следниот натпревар на Борусија од германскиот шампионат против Фрајбург во сабота.