Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, истакна дека не е задоволен од играта на своите момци на вчерашниот меч со Нексе во СЕХА Гаспром лигата.
„Секој меч е приказна за себе, само поради наши грешки, Нексе секогаш се враќаат во игра. Од едно екстра отварање на мечот до несфатлив пад во играта во нападот, правевме технички грешки кои резултираа со брз гол на противникот. Не сум задоволен од многу работи, првпат можат да кажам дека сум разочаран по еден меч, не го испочитувавме она што се договоривме. Среќа што го имавме Борко, среќа што промашија во клучните моменти, мечот на крајот можеше да го добие Нексе“, истакна Алушовски.

