Женската кошаркарска репрезентација на Македонија нема да патува за Рига, и нема да игра на претстојниот квалификациски турнир за пласман на ЕП 2021. Поради позитивни случаи во редовите на нашиот национален тим, дуелите против Летонија и Хрватска, последни во овие квалификации ќе ги изгуби службено.
Двата позитивни теста се потврдени кај стручниот дел од нашата најдобра женска селекција.
„Со оглед на тоа дека биле во најблизок контакт со ‘позитивните’, во наредниот период останатите членови на нашиот национален тим, а по препорака на лекарските авторитети, ќе бидат во самоизолација, со што би се спречило ширење на заразата. Како одговорна федерација, ние секојдневно ќе ја следиме состојбата на сите членови на нашата женска селекција“, рече генералниот секретар, Владимир Георгиевски за официјалната страница на КФСМ.

