Author: saso

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, во средата изјави дека ИОК е целосно посветен на успешната организација на Летните олимписки игри во Токио оваа година, и покрај пандемијата со Ковид-19, но тој исто така побара трпеливост од сите учесници. Иако поголемиот дел од Јапонија е во вонредна состојба поради третиот бран на инфекција, Бах рече дека сите се посветени на одржувањето на Игрите, кои треба да се отворат на 23 јули, откако беа одложени за една година поради коронавирусот. Бах рече дека какви било шпекулации за Олимписките игри во Токио, вклучително и оние за ново одложување или откажување,…

Read More

Реал Мадрид ќе го продолжи договорот со хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ. Новинарот Фабрицио Романо ја потврди веста на својот Твитер профил. Според него, страните веќе се договориле за сите точки од новата соработка. Во блиска иднина се очекува договорот да биде потпишан и официјално објавен. Актуелниот договор на 35-годишниот Модриќ истекува ова лето, а претходно беше објавено дека договорот ќе му биде продолжен до 30 јуни 2022 година. „Постојат играчи како Модриќ кои го прават овој спорт подобар. Луксуз за нас е да имаме таков играч во нашиот состав. Тој ни даде многу, тој сè уште ни дава многу и…

Read More
NBA

Кошаркарите на Јута Џез продолжуваат да редат победи. Синоќа „џезерите“ славеа дома против Далас Маверикс со 116:104 и со оваа победа се израмнија со шампионот ЛА Лејкерс на врвот на Западната конференција. Во меѓувреме, кошаркарите на Далас го загубија третиот натпревар по ред (шести од последните осум) и полека но сигурно влегуваат во сериозна криза. Кларксон со 31 поен ги предводеше „џезерите“ до победа, додека Руди Гобер постигна 29 поени со 20 скока и 3 блокади. Кај Далас Дончиќ имаше 30 поени, а Хардавеј јуниор заврши со 19 и Порзингис 18 поени. Пораз претрпе шампионот ЛА Лејкерс на гостувањето кај…

Read More

Бразилскиот фудбалер Оскар, кој сега го носи дресот на кинески Шангај СИПГ, призна дека би сакал да ја заврши кариерата во неговиот поранешен клуб, Челзи. „Не размислувам за напуштање на Кина. Тука имаат одличен проект, но до крајот на мојата кариера сакам да се вратам во Челзи. Изградив убава историја во Премиер лигата, дојдов многу млад, во време кога навивачите навистина не веруваа во бразилските играчи. Помогнав да се смени тоа. Кога стареам, сакам да го повторам овој чекор. Сè уште играм одлично, имам добра статистика, треба да има место за мене во Челзи”, вели 29-годишниот фудбалер на кинскиот тим.

Read More

Барселона ја разгледува можноста за купување на фудбалерот на Валенсија, Хозе Гаја, но и играчот на Челзи, Маркос Алонсо. Каталонците бараат нобви имиња за тимот откако стана јасно дека Жиниор Фирпо не може да биде замена за Жорди Алба во иднина. Актуелниот договор на Гаја со Валенсија истекува во 2023 година. Валенсија има сериозни финансиски потешкотии и е подготвена да го продаде 25-годишниот играч за околу 30 милиони евра. Исто така, Барселона го следи и 30-годишниот Маркос Алонсо, чиј договор со Челзи истекува во 2023 година.

Read More

Во пресрет на мечот Вардар – Војводина во рамките на СЕХА лигата, кој се игра утре во Скопје, свој коментар и очекувања даде и крилото на „црвено-црните“,  Гоце Георгиевски: „Малку сме редуцирани поради обврските на репрезентативците, затоа ни е потешко да ја составиме екипата, но важно е дека сите сме здрави нема повредени играчи. Ќе чекаме да ни се приклучат и останатите играчи кои имаа обврски кон репрезентациите. Ќе бидеме доволно подготвени за Војводина, станува збор добар и квалитетен противник, тие одиграа еден меч пред Нова Година, имаат квалитетни играчи. Ако го одиграме она што ќе го договориме на тренинзите…

Read More

Барселона потврди дека изборите за нов претседател и официјално се пролонграни за 7 март. Иако првично беа закажани на 24 јануари, изборите мораа да бидат одложени поради ограничувањата на движењето во Каталонија поради пандемијата на коронавирусот. За да се избегне дополнително одложување на изборот на нов претседател, клубот доби дозвола да дозволи гласање по пошта – нешто што не беше можно на претходните избори. Жоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фреиша се тројцата кандидати во трката да го заменат Бартомеу, кој поднесе оставка во октомври.

Read More

Ракометарите на Вардар утре се враќаат на терен. Во Скопје гостува Војводина во меч од регуларниот дел на СЕХА лигата. Во пресрет на мечот, голманот Борко Ристовски вели дека ова е еден од важните мечеви за успешен старт на вториот дел од сезоната. „Не очекува почеток на вториот дел од сезоната. Мечот со Војводина можеби не е многу атрактивен и привлечен за јавноста, но за нас многу важен, затоа што сакаме овој дел да го почнеме со победа. Без разлика против кого играме, со оглед на ситуацијата и отсуството на репрезентативците, бевме некомплетни непосредно до пред самиот меч. Мораме да…

Read More

Астон Вила плати 14 милиони фунти и го заокружи трансферот на фудбалерот на Олимпик Марсеј, Морган Сансон. Како што објавија англиските медиуми, во договорот има и бонуси со кои трансферот може да стигне и до 15,5 милиони фунти. 26-годишниот играч за врска станува првото засилување за менаџерот на Вила, Дин Смит во јануарскиот преоден рок.

Read More

Тренерот на Интер, Антонио Конте беше многу среќен по победата над Милан и пласманот во полуфиналето на Купот на Италија. Тој го пофали Кристијан Ериксен, кој го постигна решавачкиот гол во последните минути од мечот од слободен удар и истакна дека Данецот ќе остане во тимот. Конте исто така рече дека неговиот тим ќе победел дури и ако Златан Ибрахимовиќ не добиеше црвен картон во второто полувреме. „Втора година по ред сме во полуфиналето и заслужни за ова се играчите кои се однесуваа како што треба на теренот од почеток до крај. Не беше лесно. Милан е силен тим, па…

Read More