Кошаркарите на Јута Џез продолжуваат да редат победи. Синоќа „џезерите“ славеа дома против Далас Маверикс со 116:104 и со оваа победа се израмнија со шампионот ЛА Лејкерс на врвот на Западната конференција. Во меѓувреме, кошаркарите на Далас го загубија третиот натпревар по ред (шести од последните осум) и полека но сигурно влегуваат во сериозна криза.
Кларксон со 31 поен ги предводеше „џезерите“ до победа, додека Руди Гобер постигна 29 поени со 20 скока и 3 блокади. Кај Далас Дончиќ имаше 30 поени, а Хардавеј јуниор заврши со 19 и Порзингис 18 поени.
Пораз претрпе шампионот ЛА Лејкерс на гостувањето кај Филаделфија со 107:106, додека Милвоки го доби гостувањето кај Торонто со 115:108.
НБА СИНОЌА:
Мајами – Денвер 82:109
Кливленд – Детроит 122:107
Орландо – Сакраменто 107:121
Шарлот – Индијана 106:116
Торонто – Милвоки 108:115
Филаделфија – Лос Анџелес Лејкерс 107:106
Атланта – Бруклин 128:132 / пр /
Сан Антонио – Бостон 110:106
Јута – Далас 116:104
Феникс – Оклахома 97:102
Њу Орлеанс – Вашингтон 124:106