Барселона потврди дека изборите за нов претседател и официјално се пролонграни за 7 март. Иако првично беа закажани на 24 јануари, изборите мораа да бидат одложени поради ограничувањата на движењето во Каталонија поради пандемијата на коронавирусот.
За да се избегне дополнително одложување на изборот на нов претседател, клубот доби дозвола да дозволи гласање по пошта – нешто што не беше можно на претходните избори. Жоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фреиша се тројцата кандидати во трката да го заменат Бартомеу, кој поднесе оставка во октомври.

