Тренерот на Интер, Антонио Конте беше многу среќен по победата над Милан и пласманот во полуфиналето на Купот на Италија. Тој го пофали Кристијан Ериксен, кој го постигна решавачкиот гол во последните минути од мечот од слободен удар и истакна дека Данецот ќе остане во тимот.
Конте исто така рече дека неговиот тим ќе победел дури и ако Златан Ибрахимовиќ не добиеше црвен картон во второто полувреме.
„Втора година по ред сме во полуфиналето и заслужни за ова се играчите кои се однесуваа како што треба на теренот од почеток до крај. Не беше лесно. Милан е силен тим, па можеме да бидеме задоволни од фактот дека ги елиминиравме. Дури и да останевме 11 на 11, сепак ќе ја свртиме средбата. Имавме иницијатива и нивниот голман направи многу одбрани“, рече Конте.

