Уште еден убедлив пораз на репрезентацијата на Македонија на светското првенство во ракомет во Египет. Денеска во меч од 2. коло во втората фаза на шампионатот, избраниците на Данило Брестовац беа високо поразени од Русија со 32:20 (19:9). Одлуката за победникот, како и на претходните мечеви, падна во првиот дел. По лошиот старт Русија ја наполни нашата мрежа и на одмор замина со 19:9. На стартот на вториот дел ги задржавме Русите без гол цели 6-7 минути откако стигнавме во серија од 3:0 за да намалиме на 12:19. Сепак, потоа Русија се врати во препознатливиот ритам, си ја врати двоцифрената…
Author: saso
Случаите на позитивни играчи и вработени на Австралија опен со Ковид-19 се искачија на 10. Денеска организаторите на првиот Грен Слем за оваа година, потврдија дека има уште два позитивни случаи меѓу играчите, плус уште 2 случаи меѓу вработените. Засега, 72 тенисери се во изолација откако слетаа со чартерите за да го поминат периодот на карантин пред настап на турнирот. Според планираното, Австралија опен ќе стартува на 8 февруари.
Шпанците Игнасио Гарсија и Андреу Марин ќе бидат судии на денешниот меч на нашата ракометна репрезентација против селекцијата на Словенија. На стартот на втората фаза од СП во Египет, денеска нашите ракометари го играат првиот меч од 15.30 часот. Светската ракометна федерација ги одреди шпанските судиите за денешниот дуел.
Српскиот центар Никола Јокиќ, кој постигна дабл-дабл од 27 поени, 12 скока и 6 асистенции беше најзаслужен што кошаркарите на Денвер ја остварија седмата сезонска победа, откако синоќа на домашен терен славеа над Оклахома Сити Тандер со 119:101. Јокиќ оствари уште еден дабл-дабл со што само ја потврди својата извонредна форма. Оклахома го регистрираше третиот пораз на последните 4 настапи сезонава. Во вториот меч синоќа, Руди Гоберт со 13 поени и 18 скока ја предводеше Јута до победа над Њу Орлеанс на свој терен со 118:102. Sвездата на Пеликанс, Зион Вилијамсон беше најрасположен кај гостите и со 32 поени и 5…
Холандскиот напаѓач Клас-Јан Хунтелар се врати во Шалке 04 со краток договор до крајот на сезоната, објави бундеслигашот. 37-годишниот Хунтелар го напушти Ајакс, со кој ја освои титулата во Холандија во 2019 година, за повторно да го облече дресот на Шалке, за кој постигна 126 гола во периодот од 2010 до 2017 година. По 16 одиграни кола во Германија, Шалке е на последното 18-то место со 7 бода. Искуството на поранешниот репрезентативец на „лалињата“ ќе биде неопходно за Шалке да се обиде да го избегне испаѓањето од Бунделсигата за првпат по 40 години да избегне испаѓање од елитата. Хунтелар е…
Словенечкиот ракометен стратег Бранко Тамше, пред денешниот меч меѓу Македонија и Словенија, вели дека Словенците како главен проблем во тимот на ова СП го имаат фактот што тимот нема лидер. “Мислам дека главниот проблем е што стручниот штаб сè уште некако бара лидер на теренот. Играч кој би ја презел диригентската палка на натпреварите и во напад и во одбрана. Има многу квалитетни играчи и многу силни личности во тимот, но сега потребно е да се изберат оние кои се во најдобра форма во моментот. Улогите треба да се поделат, потребно е да се знае кои се главните актери што…
Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги може да го напушти тимот во зимскиот преоден рок и да се преслеи во Италија. Веста ја објави новинарот Николо Шира на Твитер. Според него, услугите на 25-годишниот белгиски фудбалер му биле понудени на Интер. Претходно беше објавено дека „нероаѕурите“ се заинтересирани за Дивок. Ориги се приклучи на Ливерпул во 2014 година од Лил, по што помина уште една година во Франција на позајмица. Потоа, тој замина на позајмица во Волфсбург. Со Ливерпул, напаѓачот стана шампион на Англија, ја освои Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство, но оваа сезона одигра само 4…
Севиља веднаш ја одби првата понуда на Вест Хем за мароканскиот напаѓач Јусеф Ен-Несири. Според шпанските медиуми, понудата на Англичаните била во вредност од 30 милиони евра. Лондонскиот клуб понудил точно 25 милиони евра и 5 милиони бонуси за 23-годишниот напаѓач, но од Севиља без разлмислување веднаш одбиле. Ен-Несири стигна во Севиља за 20 милиони евра минатата година, но по осумте гола на 17 натпревари во шпанската лига и четирите на 6 натпревари во Лигата на шампионите сумата која Шпанците ја бараат за него е најмалку двојно – 40 милиони евра.
Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, сака да замине на позајмица во екипата на Шефилд Јунајтед. Шефилд е последен во Премиер лигата со само една победа и 5 поени. Тимот бара засилувања и ќе направи се за да го ангажира 28-годишниот играч на Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната. Лингард оваа сезона одигра 3 натпревари во купот за Манчестер Јунајтед, а во Премиерлигата, Англичанецот мина 20 минути само во последното коло од минатата сезона, кога против Лестер постигна и еден гол.
По поразите од Шведска и Египет, последната шанса за нашата ракометна репрезентација на СП во Египет се вика Чиле. Со евентуална победа попладнево во Каиро (15.30 ч.), Македонија ќе ја освои третата позиција која води во следната фаза, доколку бидеме поразени ќе останеме на првенството и ќе разигруваме за пласман на некое од последните 8 места. Против Чилеанците тестиравме во Скопје пред настапите на Светското првенство и двапати ги совладавме (25:21, 28:24). Секако, тие беа само пријателски мечеви, но сега дуелот е од различен карактер, а избраниците на селекторот Данило Брестовац се свесни дека ако сакаат уште три нови средби…
