Холандскиот напаѓач Клас-Јан Хунтелар се врати во Шалке 04 со краток договор до крајот на сезоната, објави бундеслигашот.
37-годишниот Хунтелар го напушти Ајакс, со кој ја освои титулата во Холандија во 2019 година, за повторно да го облече дресот на Шалке, за кој постигна 126 гола во периодот од 2010 до 2017 година.
По 16 одиграни кола во Германија, Шалке е на последното 18-то место со 7 бода. Искуството на поранешниот репрезентативец на „лалињата“ ќе биде неопходно за Шалке да се обиде да го избегне испаѓањето од Бунделсигата за првпат по 40 години да избегне испаѓање од елитата. Хунтелар е второто ново засилување на Шалке овој месец по дефанзивецот Сеад Колашинац, кој се врати во Гелзенкирхен од екипата на Арсенал.

