Ракометарите на Вардар стигнаа и до втората победа во новата сезона од СЕХА Газпром лигата откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ беа подобри од екипата на Нексе со резултат 27:26 (15:12).
Македонскиот претставник одлично го одигра првиот дел во кој имаше голема предност, но на пауза замина со плус 3, додека во вториот дел гостите одиграа многу подобро и го однесоа мечот во неизвесна завршница.
Вардар поради неколкуте технички грешки на гостите, но и добрите интервенции на Борко Ристовски во финишот сочува предност од еден гол за победа.
Најефикасни со по шест голови беа Талески и Чупиќ, а Ристовски собра седум одбрани.