Дефанзивец на Барселона, Серхи Роберто веќе неколку дена тренира со првиот тим и е се поблизу до враќање во игра, пишува Марка. 28-годишникот се опорави од повредата на десниот бут заработена на мечот против Атлетико Мадрид во ноември и веќе се подготвува со полна брзина.
Тренерот Роналд Куман дури сериозно размислува да го вклучи во групата за мечот со Атлетик Билбао.
Опоравувањето на Серхио Роберто е одлична вест за тренерот на Каталонците, кој во негово отсуство имаше сериозни проблеми со десната бековска позиција.