Ракометарите на Вардар денеска ќе се вратат на терените со првиот меч за нив од новата сезона во регионалната ракометна СЕХА лига. Во првиот меч на домашен терен „црвено-црните“ го пречекуваат тимот на Војводина.
Вардар го игра првиот натпревар од маратонот кој ќе следува до крајот на март со многу мечеви од Лигата на шампионите и СЕХА натпреварувањето. Војводина не е ривал од кој треба да стравува, но „вардарци“ најавија дека сериозно го сфаќаат дуелот затоа што е почеток на втората полусезона и сакаат да тргнат со добра игра и победа.
Средбата почнува од 17.45 часот и ќе ја следите со директни вклучувања низ програмата на Спортското радио 90.3 фм.