Играчот за врска на Тотенхем, Деле Али е близу до преселба во Франција. ПСЖ е заинтересиран за услугите на младиот фудбалер и е подготвен на компромиси за да дојде до неговиот потпис.
Али е подготвен да го напушти Лондон и не тренира со Тотенхем веќе неколку дена. Играчот за врска не беше вклучен во составот за куп-натпреварот против Вајкомб, а нема да игра и против Ливерпул.
Сепак, Тотенхем, претставен од претседателот на управниот одбор на клубот Даниел Леви, сè уште не донел конечна одлука.