Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (18 ч.) во второто коло од Светкото првенство ќе игра против Египет и ќе се обиде да го поправи впечатокот од првиот натпревар.
Ракометарите на стартот загубија со убедливи 20:32 од Шведска во натпревар во кој потфрлија во сите елементи од играта. На вчерашниот брифинг со новинарите и ракометарите и селекторот ветија многу подобра партија против домаќинот на првенството.
Египет тргна со победа над Чиле, а на клупата го има и екс-тренерот на Вардар, Гарсија Парондо.

