Играчот за врска на Рома, Хенрих Мхитаријан се договори за нов договор со клубот, објавија италијанските медиуми. Тековниот договор на играчот е до 30 јуни 2021 година, а сега тој ќе потпише нов на уште една година. 31-годишниот ерменски репрезентативец оваа сезона одигра 21 натпревар за тимот, постигнувајќи девет гола и девет асистенции.
Вечерва од 20:45 часот Рома е домаќин на Интер во првиот натпревар од 17-то коло во Серија А.

